Амбасадите на САД и Велика Британија во Кабул денеска објавија дека бунтовничките Талибанци можеби извршиле воени злосторства на југот на Авганистан убивајќи цивили заради одмазда, што бунтовниците го негираат.
Сухаил Шахен, член на преговарачкиот тим на Талибанците со седиште во Доха, изјави за Ројтерс дека твитовите што ги содржат обвинувањата се неосновани извештаи.
Амбасадата на САД издаде соопштение на Твитер во кое ги обвини Талибанците дека убиле десетици цивили во областа Спин Балдак во јужната провинција Кандахар, место на тешки борби.
– Овие убиства можат да бидат воени злосторства; мора да бидат истражени, тие талибански борци или команданти мора да одговорат – објави американската амбасада.
Вториот твит додава: Талибанското раководство мора да одговара за злосторствата на нивните борци. Ако не можете да ги контролирате своите борци сега, нема што да правите во владата подоцна.
Британската амбасада објави и соопштение на Твитер.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги оцени извештаите за Талибанците кои извршиле злосторства како длабоко вознемирувачки и целосно неприфатливи.

