Невеста е мета на осуди бидејќи наплаќала на гостите за доаѓање на венчавката: „За самците, цената е повисока“

Сподели со своите пријатели

Анонимна жена од Америка беше нападната на социјалните мрежи кога призна дека ќе наплаќа на гости за присуство на нејзината венчавка, а самците ќе платат повеќе од паровите.

Loading...

Идната невеста ги праша своите следбеници на социјалната мрежа Фејсбук, дали планираат да направат такво нешто на нивниот голем ден?

– Дали сум јас единствената што наплатува на гости за доаѓање на свадбата? Слободните плаќаат 55 евра, а двојките 37 евра – напишала оваа жена.

 

 

Нејзиниот пост се појави на социјалната мрежа Редит, каде предизвика лутина кај многу луѓе.

– Се надевам дека очекува нула подароци во замена за такво барање – коментираше еден корисник, додека една жена се пошегува и праша дали семејството има групен попуст:

Loading...

– Дали семејството има некакви привилегии и се прашувам дали децата под тригодишна возраст можат да дојдат бесплатно?

 

Leave a Reply