Нарачала „совршена“ венчаница преку интернет, но она што пристигнало не било ни близу (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Иако на почетокот беше разочарана, потоа не можеше да се воздржи од смеење поради огромната разлика помеѓу фустанот од фотографијата и оној што го доби.

Loading...

Не е тајна дека нарачката на облека преку Интернет може да биде ризична – ако не сте ја пробале пред да ја купите, никогаш не знаете што ќе добиете. Сепак, идната невеста одлучи да ризикува затоа што ја најде „совршената“ венчаница по добра цена, но се шокираше кога виде што и испратиле по пошта.

 

 

Меган Тејлор (23) пронајде венчаница на Виш за само 70 долари, но кога пратката пристигна на нејзината адреса, сфати дека венчаницата воопшто не личи на фотографиите од апликацијата за пазарење.

– Не можев да поверувам кога видов што пристигна. Воопшто не личеше на фотографијата од која ја нарачав. Ми се скрши срце, но не можев да се воздржам од смеење “, вели Меган.

Контактирала со клиентската поддршка на Виш и побарала враќање на парите, но имала проблеми и со тоа.

Loading...

 

 

– Побарав враќање на парите, но тие ми рекоа дека ми треба оригиналното пакување и кутијата, но не ја чував. Потоа им реков дека ова ми ја уништи венчавката бидејќи очекував фустан од фотографијата. И конечно ми ги вратија парите – објасни таа.

Сепак, таа успеа да ја пронајде смешната страна на целата приказна и го сподели својот неуспешен обид за купување преку Интернет на својот профил на Фејсбук. Нејзината објава брзо стана вирална, и многумина не можеа да поверуваат колку навистина имаше разлика помеѓу венчаниците.

Leave a Reply