Дора Веи од Шри Ланка гледаше егзотични диви животни, но кога пред неколку месеци на нејзиниот праг се појави новородена дива свиња, таа беше шокирана.
„Мојот градинар ја најде рано наутро. Имаше само неколку часа. Таа беше разделена од нејзината мајка и изгледаше како да е многу уплашена”, рекла Дора за The Dodo.
Таа и нејзиното момче знаеја дека малото животно нема да преживее без мајка му, па ја зедоа и и направија мал простор за спиење во дневната соба.
„Се распрашав како да се грижам за дива свиња и сите рекоа дека не е лесно кога биле толку мали и дека скоро секогаш умирале без мајка. Меѓутоа, јас и дечкото бевме решени. Сакавме да ја задржиме”, вели Веи.
“Читавме на интернет дека треба да се храни секој час, па јас и мојот дечко моравме да спиеме во дневната соба со неа првите четири недели. Беше како да се грижиме за бебето”, додала таа.
View this post on Instagram
Дивата свиња на крајот го доби името Јежа. Се грижеа дека нема да се вклопи со останатите миленичиња, но тие се секогаш заедно. Не ни помислуваа дека ќе стане нивно милениче, а Дора вели дека Јежу дошла кај нив во вистинско време.
„Беше навистина тешко и депресивно време. Таа донесе многу радост за нашето семејство. Навистина не зближи и нашите животи се попозитивни бидејќи се грижиме за неа и гледаме како расте”, заклучи Веи.
View this post on Instagram