Газдата не му ги исплатил платите, па со багер ги урна сите балкони на зградата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сопственикот на зграда во градот Блумберг на југот на Германија сам си создал проблеми со тоа што не им плаќал на работниците, т.е. изведувачите на неговата зграда.

Loading...

Имено, тој наводно му должел на изведувачот 4,9 милиони евра, а откако на изведувачот му здосадило да ги чека неговите пари, збеснал и одлучил да се одмазди на интересен начин во средата во 7.30 часот наутро.

Со багер тргнал на зградата и ги срушил скоро сите балкони на неа, како и соседните sидови, предизвикувајќи на тој начин штета од речиси половина милион евра на новоизградената зграда.

 

Бидејќи сѐ уште е во изградба, зградата била празна и затоа нема повредени, а местото на настанот во неверување го следеле околу 50 очевидци. Се разбира, тие веднаш ги зеле камерите и снимиле неверојатна сцена на градежникот што руши се пред себе.

Градежникот запрел по урнатините на балконот само затоа што се скрши хидрауличното црево на багерот, изјавија сведоци за германскиот весник Шварцвуелдер Боте.

Подоцна тој и се предал на полицијата, а полицијата ја блокираше областа од страв со багерот да не ги оштетил резервоарите за гас во зградата.

Loading...

Штетата што ја направил се проценува на 499.000 евра.

 

Leave a Reply