Претставата „Драма изгубена во времето“ вчеравечер премиерно беше изведена на сцената на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.
Станува збор за драма од Сашко Насев – по мотиви на „Темносино, речиси црно“ од Танасис Валтинос, во режија на Владлен Александров.
Во претставата играат: Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ и актерка гостинка во видео Александра Пешевска. Премиерно да ја гледаат претставата вчеравечер имаа можност лекарите и целиот медицински персонал кој во изминатите година и половина е прв на браникот на јавното здравје на граѓаните на Куманово.
Сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите се на Кети Пауновска Стевковска, визуелизација на Емил Пачковски, режисер на видео: Никола Поповски, драматургија Симона Тоскиќ, кореографијата е на Тања Китановска Стојковска.
Станува збор за пиеса за судирот помеѓу мажот и жената. Жената мајка сопруга, љубовница, актерка, спасител. Жената како основа на животот. Мажот и жената како основа на животот. Ова е пиеса за смисолот на живеењето! За патот кој го минуваме, патот од почеток до крај.
Во продолжение фотогалерија од отворањето на премиерата: