Денес, трет ден по ред, Токио пријави рекорден број на нови случаи на коронавирус, во моментот кога во тек се Олимписките игри во главниот град на Јапонија.
Денес, трет ден по ред, Токио пријави рекорден број на нови случаи на коронавирус, во моментот кога во тек се Олимписките игри во главниот град на Јапонија.
„Никогаш не сме доживеале ширење инфекции од вакви размери“, им рече на новинарите началникот на кабинетот на јапонскиот премиер Кацунобу Като, пренесува АП.
Тој рече дека новите случаи се во пораст не само во областа Токио, туку и низ целата земја.
Токио во четвртокот објави 3.865 нови случаи, наспроти 3.177 во средата, и ги удвои од пред една недела, што е највисок рекорд од почетокот на пандемијата на почетокот на минатата година.
Официјалните претставници на Токио денеска објавија дека двајца странски олимписки спортисти во моментов се хоспитализирани, а 38 други се во самоизолација во одредени хотели во градот.
Гувернерот Јурико Коике ги повика организаторите на Игрите да се погрижат токиските болници да не се оптоварени.
Таа рече дека здравствениот систем е под голем притисок и истакна дека експертите предвидуваат дека дневните случаи во Токио може да се искачат на околу 4.500 до средината на август.
Од средата, 26,3 проценти од јапонската популација е целосно вакцинирана, а процентот на стари лица кои се целосно имунизирани изнесува 70 проценти, што е околу 24,8 милиони луѓе.

