Застрашувачки снимки од разорниот земјотре на Алјаска (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Катастрофален земјотрес денеска ја погоди областа Алјаска. Земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 22:16 часот по локално време, на длабочина од 35 километри.

Беше издадено предупредување за цунами за целата област. Сирени и апели од властите за евакуација на населението постојано се слушаат низ Алјаска.

 

Не е познато дали има повредени или загинати во овој разорен земјотрес, а нема извештаи за штета.

На социјалните мрежи се појавија снимки од безбедносни камери, кои снимија драматични сцени во моментот на земјотресот.

 

На една од снимките можете да слушнете како се сѐ крши, додека луѓето во паника се обидуваат да најдат засолниште во куќата.

Поради силината на земјотресот, камерата паѓа во еден момент додека во позадина се слушаат врисоците на станарите.

 

Leave a Reply