Група од петнаесет мигранти во вторникот вечерта се обидела илегално да ја преминат српско-унгарската граница на насилен начин, објави унгарската полиција.
Четворица унгарски војници биле полесно повредени, пренесува РТС.
Петнаесет мигранти се обидоа да ја совладаат воената патрола долж оградата на унгарско-српската граница, користејќи гасен спреј.
Сепак, според соопштението, полицијата и воените сили на Унгарија успеале да спречат нелегално преминување на границата.
Во таа акција, четворица унгарски војници биле полесно повредени.
„Колегите ќе сторат се за да го зачуваат јавниот ред и безбедност, тие имаат доволно луѓе и технички средства да ја чуваат границата“, се вели во соопштението на унгарската полиција.