Семејство од Индија смртно претепало девојче бидејќи носело фармерки

Сподели со своите пријатели

Неха Пасван, 17-годишно девојче од Индија, минатата недела беше претепана до смрт од нејзиното пошироко семејство бидејќи не се согласиле со нејзината одлука да носи фармерки.

Loading...

Нејзината мајка, Шакунтала Деви Пасван, за Би-Би-Си изјави дека дедото и чичковците на Неха сериозно ја претепале со стапови по расправијата околу облеката во нивниот дом во селото Савреџи Карг.

„Таа беше на целодневен верски пост, а вечерта носеше фармерки и маица за да изведува ритуали. Кога дедото и се спротивставил поради облеката, Неха одговори дека фармерките се наменети да се носат и дека таа ќе ги носи“, рече нејзината мајка.

Кавгата ескалирала и резултирала со насилство, тврди таа.

Шакунтала Деви опиша дека нејзината ќерка лежела некое време во несвест, а потоа роднините повикале такси-рикша за да ја однесат во болница.

„Не ме пуштија да одам со неа, па им реков на другите роднини да одат во болница, но тие не можеа да ја пронајдат. Следното утро, тие слушнале дека е пронајдено тело на девојче кое виси од мост на реката Гандак. Тргнаа да истражат и открија дека станува збор за Неха.

Полицијата отворила истрага за убиството и уништување на доказите против десет лица, вклучувајќи ги бабите и дедовците на Неха, чичковците, вујковците, братучедите, па дури и возачот на рикша.

Обвинетите досега не дале никакви изјави во јавноста, но полицијата извести дека четири лица – баба и дедо, чичко и возач – биле уапсени и се испрашувани, додека по другите се уште се трага.

Loading...

Нејзиниот татко Амарнат Пасван, кој во тоа време бил на работа, се вратил дома кога дознал за трагедијата. Тој рече дека работи напорно за да може своите деца, вклучувајќи ја и Неха, да ги испрати на училиште.

Мајката рече дека Неха сакала да стане полицајка, но дека нејзиниот сон никогаш нема да се оствари. Сакала да се облекува модерно, што честопати било предмет на расправии меѓу постарите членови на семејството кои барале да носи традиционална индиска облека.

Девојките и жените во Индија се соочуваат со сериозни закани – од абортус пред да се родат затоа што семејствата претпочитаат синови, до дискриминација кога ќе се родат, занемарување и незнаење.

Во руралните делови на Индија, тие живеат под строгите правила на постарите членови на семејството кои диктираат како ќе се облекуваат, каде ќе одат и со кого ќе разговараат, а секој погрешен чекор се смета за провокација и заслужува казна.

Leave a Reply