Атеросклерозата е болест која во 75% од случаите е причина за срцев удар или мозочен удар. Процесот на атеросклероза е побрз или побавен во зависност од наследниот фактор, начинот на живот, исхраната и навиките.
Како се појавува атеросклероза?
Атеросклерозата се јавува кога е оштетен крвен сад. На местото каде што има оштетување на крвните садови, лошиот холестерол почнува да се акумулира. Процесот на таложење на холестерол е неминовно придружен со калцификација, односно таложење на калциум на sидовите на крвните садови. Таквите крвни садови се нееластични и страдаат од зголемен притисок. Како резултат, срцето вложува големи напори да обезбеди добра циркулација на крвта.
Во почетната фаза, потешко е да се открие атероклероза, бидејќи проодноста на крвните садови не е целосно нарушена. Кога се појавуваат симптоми како што се замор, малаксаност и болка, тогаш атеросклеротичниот процес веќе напредувал. Најчести и најсилно погодени се коронарните артерии, потоа артериите на мозокот, вклучително и каротидните артерии. Последиците се срцев и мозочен инфаркт (мозочен удар).
Слушајте го советот на лекарот!
Лекарите првенствено препорачуваат намалување на факторите на ризик. Се советува правилна исхрана, умерена физичка активност, намалување на стресни ситуации и откажување од пушење. Промената на споменатите животни навики ќе го забави процесот на атеросклероза. Во исто време, истражувањето е охрабрувачко што покажува дека со помош на природни состојки можеме да ги намалиме главните фактори на ризик како што се високиот холестерол и артериската калцификација.
Голем број на студии докажаа дека екстрактот од црвен ориз е ефикасен во намалувањето на нивото на лош холестерол во крвта. Црвениот ориз содржи монаколин К, кој природно го блокира производството на холестерол во црниот дроб со намалување на активноста на ензимот одговорен за производство на холестерол.
Витаминот К2 ја намалува артериската калцификација. Се поголем број на студии, вклучително и големата студија за Ротердам [1], која траеше цели 10 години, покажуваат дека со помош на витамин К2 можеме да ја намалиме артериската калцификација. Употребата на витамин К2 исто така може да помогне во подобрување на еластичноста на калцифицираните крвни садови и со тоа дополнително да се намали ризикот од срцев и мозочен удар.
Токму ваквите студии укажуваат на препорака за комбинирање на екстракт од црвен ориз и витамин К2! Идеално е да се избере таков додаток во исхраната кој ќе ги содржи двете состојки.