Напад на кубанската амбасада во Париз: Хавана ги обвини САД

Сподели со своите пријатели

Синоќа кубанските власти го означија нападот со молотов коктел врз кубанската амбасада во Париз како терористички, а САД го обвинија инцидентот.

Француските пожарникари соопштија дека две запалливи направи биле фрлени кон кубанската амбасада и дека е причинета мала материјална штета.

„Го осудуваме терористичкиот напад со молотов коктел врз нашата амбасада во Париз“, рече синоќа кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез на Твитер.

Кубанскиот министер рече дека Соединетите Американски Држави се одговорни за нападот затоа што „тие постојано водат кампања против Куба и тоа поттикнува на неказнето насилство“.

Минатиот викенд во Куба се одржаа протести за и против владата, две недели по антивладините собири во таа островска држава.

Неколку земји од Латинска Америка, вклучувајќи ги Бразил, Колумбија и Еквадор, се приклучија на апелите на американските власти дека Куба треба да ја почитува слободата на изразување и да ги ослободи уапсените за време на протестите.

Родригез оцени дека изјавите на американските власти имаат поддршка од неколку земји кои се под притисок да ги почитуваат диктатите на САД.

Leave a Reply