Наставничката и подстанарка Тиша Меклеод поставила надзорни камери во спалната и дневната соба за да види што прават нејзините мачки кога ќе ја нема, но и да има докази ако некој и провалил во станот.
Кога ги прегледала снимките по патувањето, имала што да види. Имено, нејзиниот станодавец, кој не знаел за камерите, а знаејќи дека ја нема, влегол во станот. Како да не било доволно што влегол, тој ја мирисал нејзината постелнина.
Повторно ги стави перницата и ќебето на своето место, и само што се упатил кон излезот, наишла пријателка на подстанарката која требало да се грижи за нејзините мачки.
@tyishamacleodLet’s just say, I’ll be moving and getting out of my lease! Like for part 2! #creepy #landlordsfromhell #pt1 #foryoupage #canada🇨🇦🇨🇦♬ Oh No – Kreepa
Сопственикот на станот, наводно, на пријателката и рекол дека дошол да ги храни мачките, а наставничката тврди дека таа не му дала дозвола да влезе во станот, додека таа не била таму.
Девојката ги објави снимките на Тикток и откри дека го пријавила сопственикот во полиција затоа што тој неколкупати влегол во станот додека таа била надвор. Таа додаде дека ќе се исели во првата можност, пишува Унилад.
@tyishamacleodI did contact police and I will be pressing charges!. Did I mention!? He went in my place multiple times while I was away! 😫Like for pt3 #foryoupage♬ original sound – Tyisha Macleod