Инцидентот се случил на аеродромот Луис Армстронг. Портпарол на компанијата изјави дека летот е одложен затоа што жената повеќе пати одбивала да ја стави маската, што е задолжителна епидемиолошка мерка. И било речено дека мора да стави маска или да го напушти авионот, по што полицијата ја извадила од авионот.
„Никогаш не сум видел такво нешто“, му рече еден од патниците на адвокатот во Њу Орлеанс.
– Дојдоа двајца тешко вооружени полицајци и и рекоа да излезе. Таа одбила, а потоа и рекле да стане. Таа започнала да вреска и да пружа отпор додека ја апселе и и ги врзале рацете зад грб. Таа постојано врескаше десет минути додека беше приведена – додаде тој.
Очевидец рече дека упорно повторувала дека не е животно и дека не сака да ја третираат како животно.
Уапсената жена ќе биде обвинета за нарушување на јавниот ред и мир, отпор при апсење, одбивање да се покорува на полициската наредба и физички напад.
https://youtu.be/gbArfsfvTDU
Локалните медиуми објавија дека Федералната администрација за воздухопловство размислува за воведување казни за патниците кои се однесуваат неправилно. Паричните казни може да достигнат до 21.500 долари.
Инцидентот во Њу Орлеанс е само последниот во низата патници што се спротивставуваат на носењето маска и почитувањето на другите протоколи, пренесува Шарлот Обсервер.
Минатата недела беше снимена жена како ги навредува патниците на летот за Далас откако и беше наредено да носи маска.
Сличен инцидент се случил на летот за Мајами кога една жена проколнала стјуардеса која и рекла да стави маска. Инцидентот е снимен и објавен на социјалните мрежи.
So this lady got kicked off the plane for calling an attendant “bitch”. He also told her “you’re ko longer allowed to fly with American. I suggest you try Spirit” 😂😂😂 pic.twitter.com/d8D4psClOt
— Ekwensu Ocha😈 (@ExtrFreeBurner) July 17, 2021