Колку често водиме љубов има врска со какви луѓе сме, а новото истражување откри дека луѓето кои имаат две специфични карактерни црти имаат најбогат сексуален живот.
Студијата, објавена во британскиот журнал за психологија, вклучува испитаници без љубовни партнери, 192 слободни жени и 105 слободни мажи.
Учесниците морале да одговорат на низа тестови за да воспостават врска помеѓу алтруизмот, односно однесување кое има за цел да им помогне на другите во кое не се очекува никаков вид на награда од другите, со тоа колку е некој успешен во љубовта, односно врските и сексуалниот живот.
Истражувањето заклучило дека добрите и несебични луѓе имаат најбогат сексуален живот, односно водат љубов почесто од другите луѓе и дека се најзадоволни од својот сексуален живот.
За машките испитаници, ова вклучува поголем број на партнери за секс без обврски.
Студијата не даде одговор за тоа што ги мотивира испитаниците да им помагаат на другите, но без оглед на тоа, добиените резултати се уште еден доказ дека љубезноста и несебичноста секогаш се исплатуваат.
Дека љубезноста и несебичноста се привлечни особини во сексуална смисла, тоа е очигледно во историјата, поточно од времето на ловството и собирањето на општеството кога мажите кои великодушно го делеле својот плен со целото племе биле најпосакуваните животни партнери за жените.