Местото каде што беа шипки за танцување се претвори во светилиште.
Популарниот стриптиз клуб, кој своевремено собираше ноќни посетители во главниот град на Алјаска, Енкориџ, сега е претворен во црква, благодарение на ќерката на поранешна егзотична танчерка.
Новата сопственичка на објектот, Линда Данеган, смета дека „божествената интервенција“ играла улога во трансформацијата на зградата, која сега е баптистичка црква каде што подиумот се претворил во светилиште, и на местото каде што се наоѓале шипките за танцување во исповедаоница, пишува Танјуг.
– Ја избрав оваа црква затоа што се молев пет години – рече Данеган, која се обидела да ја купи зградата порано, но се откажала затоа што не можела да се договори со тогашниот сопственик.
Потоа, шефот му дал на агентот за недвижнини една недела да го продаде стриптиз-клубот и предложил да се јави Данеган – договорот овој пат бил успешен.