Поради непочитување на ковид мерките на Крит, казнети проститутки

Сподели со своите пријатели

Во градот Ретимно на Крит, еден бордел бил затворен 15 дена поради непочитување на мерките.

Две работнички биле казнети за кршење на применливите регулативи насочени кон спречување на ширење на коронавирусот.

Тие морале да платат казна од 2.000 евра, бидејќи не ги направиле потребните пропишани само-тестови. Борделот каде што работат е привремено затворен две недели.

Грчките власти се загрижени за зголемениот број случаи, особено на островите.

Во Миконос е во сила полициски час до недела од 1 до 6 часот наутро, а воведувањето на истите мерки се разгледува на Крит, Парос и Санторини.

Leave a Reply