Маск има план за спас на човештвото: Марс мора да се колонизира пред можна Трета светска војна

Сподели со своите пријатели

Земјата е пред колапс на популацијата, а на човештвото му требаат повеќе луѓе кои сакаат да го колонизираат Марс, напиша милијардерот Илон Маск, кој планира да ја насели Црвената планета.

Loading...

Маск тоа го напиша како одговор на твитот на фан клубот Тесла, во кој се пофали намерата на милијардерот да се занимава со темата популација.

 

 

Зборовите на Маск најверојатно имаат за цел намалување на стапката на раст во голем број земји, бидејќи Маск, кој има шест деца, изјави дека се обидува секогаш да дава личен пример.

Во моментов, просечната стапка на наталитет во светот е 2,4 деца по жена, додека во 1950 година таа било 4,7.

Исто така, населението на Земјата старее, а ОН проценува дека до 2050 година, над 1,5 милијарди луѓе над 65 години би можеле да живеат на нашата планета.

Loading...

 

 

На почетокот на февруари, на виртуелната конвенција на „Марсовско здружение 2020“, Маск рече дека неговата цел е да создаде самоодржлив град на Марс пред потенцијалната Трета светска војна.

Leave a Reply