Активно се уредува комплексот Спомен Костурница во Куманово, информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

На оваа локација се гради амфитеатар, а се работи и на изградба на три нови спортски терени и трим патеки.

Ќе биде поставена и опрема за вежбање и рекреирање, нова урбана опрема, осветлување и дополнително озеленување со нови садници.

– Ги зголемуваме спортските капацитети и создаваме поголеми можности за нашите граѓани да се рекреираат и да спортуваат, вели Димитриевски.


Никола Ивановски

