Не престанува да ја обележува територијата.
Најстариот алигатор во светот, сместен во зоолошката градина во Белград. И покрај тоа што не ја знае точно неговата возраст, Муја има најмалку 85 години. Годините се само бројка за него.
И во 9-та деценија од својот живот, Муја не престанува да ја обележува територијата. Експертите кои се грижат за него велат дека тој сeуште ја повикува женката на парење.
Муја од Белград пристигна на 12 септември 1937 година, една година по основањето на зоолошката. Кога пристигна, тој веќе беше возрасно животно
Тоа е единственото животно што останало од оние што ја преживеале Втората светска војна кога зоолошката градина била скоро целосно уништена.
Муја е во прилично добра форма. Иако припадниците на неговиот вид се посмирени, особено кога се постари, тој сепак е активен, особено кога ќе му се донесе храна. Тој јаде еднаш неделно, но јаде пет или шест килограми месо.