ИМ СЕ ЗАКАНУВА ЗАТВОР: Сакале да го откријат полот на бебето па предизвикале пожар кој траел 23 дена (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пар од Калифорнија кои го објавиле полот на своето дете со помош на пиротехнички помагала и со тоа предизвикале пожар во кој изгореле 9.300 хектари земја, уништиле 20 згради и убиле пожарникар, ќе бидат гонети пред суд.

Loading...

Против Мануел Хименес Помладиот и Ангела Рене Хименез, чија забава за откривање на полот на бебето минатата година предизвика смртоносен пожар во Ел Дорадо, се обвинети за 30 точки, вклучувајќи го и убиството на пожарникарот Чарли Мортон и повредите.

Двојката се изјасни дека не е виновна и сега чека судење.

– Станува збор за изгубени животи, повредени, изгорени домови и земјиште. Тоа вклучува многу емоции, но и штети, финансиски и психолошки – изјави Џејсон Андерсон, окружен обвинител на Сан Бернардино.

 

Мортон беше 39-годишен пожарникар со 14 години искуство во Националната шумска служба во Сан Бернардино.

– Тој се бореше со пожар предизвикан од димна бомба. Тоа е единствената причина зошто тој беше таму – рече Андерсон.

Loading...

Пожарот во Ел Дорадо избувна на 5 септември 2020 година и траеше 23 дена. Наводно, парот го открил полот на бебето со димна бомба.

Проблемот бил што тие ја активирале бомбата кога температурите биле 15 до 20 степени повисоки од просечните за тој регион. Таа недела метеоролозите забележале температура до 49 Целзиусови степени.

 

 

Забавите по повод откривањето на полот на детето се популарни во Америка, а пожарот во Ел Дорадо не е единствената несреќа што ја предизвикале таквите прослави.

Британски Гардијан објави дека пожар во Аризона бил предизвикан од припадник на граничната патрола во 2017 година, кога тој испукал син чад во воздухот за да го објави раѓањето на неговиот син.

Две години претходно, една жена беше убиена во Ајова на забава за откривање на полот на детето, а авион што требак да испушти литри розова вода се урна во Тексас.

Loading...

 

Leave a Reply