Отишла на лекар поради кашлица, а потоа дознала нешто необично – Нејзиното срце не е таму каде што треба да биде (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

За среќа, оваа ретка појава не е опасна по живот.

Loading...

Клер Мек, 19-годишна девојка од Чикаго, минатиот месец се исекла од бодликава жица, па брзо отишла во болница на инјекција со тетанус. Таму лекарите забележале дека силно кашла, па се пожалила на чести настинки.

Тие направиле рентген за да проверат дали има инфекција на белите дробови, а она што го виделе на наодите ги изненади.

Лекарот ја праша дали знае дека срцето и е на спротивната страна од вообичаеното. “Почнав да се смеам, бев збунета и не можев да верувам. Тој ми објасни за што станува збор”.

 

 

Клер има декстрокардија, односно срце кое се наоѓа на десната страна, наместо на левата. Ова е многу ретка состојба со која се родени помалку од 1 процент од луѓето, па освен докторот, шокирани биле и нејзините родители.

Loading...

“За ова дознав на 19-годишна возраст … Иако, еднаш бев прегледана од мојот лекар и тој рече дека моето срце може да се чуе погласно од десната страна. Сепак, не можете само да ја поставите оваа дијагноза, што е вистинска реткост “. Клер, која ја раскажа својата приказна на Тик Ток и стана вирална – ја погледнале повеќе од 3 милиони луѓе.

 

@caremack#stitch with @caremack rip to any surgeon that has to do heart surgery on me #dextrocardia #heart #situsinversus #medtok #hospital #er #xray #nyc♬ original sound – Claireeeeee

Leave a Reply