Апокалиптични сцени од Кина, 12 мртви (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Силниот дожд предизвика поплавување во делови на централна Кина.

Loading...

Големи површини на земјиште во централната кинеска провинција Хенан беа под вода.

Главниот град Женгжу беше најтешко погоден откако го погодија најобилните дождови, како што рекоа метеоролозите, „во последните 1.000 години“.

Најмалку 12 лица загинаа како резултат на поплавите.

 

Женгжу е град со 12 милиони жители на бреговите на Жолтата река, а 100.000 луѓе се евакуирани на сигурно, јави новинската агенција Синхуа, цитирајќи ја локалната власт.

Голем број припадници на армијата и 6.000 пожарникари беа распоредени во зоната на катастрофата за спасување.

Loading...

Невидени врнежи од дожд предизвикаа поплави, а браната се урна недалеку од градот.

 

Стотици луѓе беа заробени во згради и хотели. Спасувачите безбедно евакуираа над 100 деца и стари лица, а напорите за спасување и евакуација сè уште траат.

Бројни возови низ Хенан се откажани, некои автопати се затворени, а летовите се прекинати или одложени.

 

 

Loading...

Од саботата вечер до вторникот попладне паднаа 617,1 милилитри дожд на метар квадратен, што е скоро на нивото на годишниот просек од 640,8 милилитри.

 

Leave a Reply