Најстарата инфлуенсерка на светот, Хелен Рут Елам (91), позната на Инстаграм како Беди Винкл, без оглед на нејзината возраст, е многу популарна и е сериозна конкуренција на нејзините многу помлади колеги.
Таа докажа дека младите не се клучни за успех на мрежата, каде што повеќето луѓе се „млади, убави и успешни“.
Според истражувањето на една страница, која се занимава со заработка на инфлуенсери, Хелен заработува многу повеќе од нејзините помлади и попознати колеги.
Нејзиниот профил го следат 3,5 милиони луѓе, а за една објава во просек заработува 8.000 евра.
Секако не е изненадувачки што е толку популарна, бидејќи нејзините следбеници се воодушевени од нејзините весели модни комбинации, дури и костими за капење, кои го отсликуваат нејзиниот весел дух.
View this post on Instagram