Коронавирусот се разгорува во светот: Скоро 3,5 милиони заразени за една недела

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 3,4 милиони случаи на коронавирус и 56.000 смртни случаи се регистрирани ширум светот минатата недела, соопшти Светската здравствена организација во неделниот билтен објавен рано утрово во Женева, што е зголемување за 12 проценти во споредба со претходната недела.

Loading...

„Вкупниот број на нови случаи за периодот од 12 до 18 јули е 3,4 милиони, што е зголемување за 12 проценти во споредба со минатата недела“, изјави СЗО.

Во меѓувреме, водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, изјави дека делта сојот на коронавирусот предизвика повеќе од 80 проценти од новите случаи во САД.

Делта сојот на вирусот е откриен во Индија на почетокот на 2021 година. Оттогаш, тој стана доминантна верзија на вирусот во САД и другите земји. Досега е откриен во повеќе од 90 земји.

Leave a Reply