Шеесет и седум возачи билр казнети во Куманово утринава поради возење со брзина над дозволената.
Loading...
– Утрово (17.07.) од 08 до 12 часот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 67 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на МВР.
Никола Ивановски