На социјалната мрежа ТикТок со денови кружи видеото -„Како да се уништи свадба“.
Очигледно, снимката е направена во Казахстан, а досега има собрано неверојатни 85 милиони прегледи!
Урнебесното видео покажува како младенците ја изгубиле свадбената торта, која не само што ја претставува таканаречената „кралица на вечерта“ на церемонијата, туку има и симболична вредност за убав и сладок живот на двајца млади луѓе кои стапуваат во брак.
Овие младенци ја имаа својата торта скоро при рака, беше на само неколку метри од нивната маса, но падна од количката затоа што едно од тркалата заглави, над лентата што ги покриваше каблите на музичките инструменти .
Со видеото се добиени скоро 50.000 коментари, а многумина изјавија дека ова е дефинитивно најлошиот кошмар на секој келнер.
View this post on Instagram