Сува трева вчера горела на тир локации низ кумановско

Сподели со своите пријатели

На три локации во кумановско во текот на вчерашниот ден горела сува трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Првата интервенција вчера била на запалена сува трева во атарот на селото Лојане, каде двајца пожарникари интервенирале во период од 14:15 до 15:00 часот.

Тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева на улицата „6 Април“, во период од 19:30 до 20:20 часот.

Трева горела и во населбат аИго Тричковиќ, каде тројца пожарникари интервенирале од 22:50 до 23:00 часот.

Причината за избувнувањето на сите три пожарни, засега не е позната.

Никола Ивановски

Leave a Reply