Времето денеска во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент 8.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сонечво време во текот на претпладневните часови, додека попладне може да се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе врнежи од дожд проследени со електрични празнења.
Температурата денеска низ кумановско ќе се движи од 17 степени во утринските часови до максимални 34 степени во текот на денот.
Како што појаснуваат од УХМР, и денеска во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.
Температурата денеска и утре ќе биде пониска за неколку степени.
Услови за изолирана појава на нестабилност ќе има и во понеделник.
Потоа следува период на стабилно време.
Никола Ивановски