Шест казни за неносење заштитна маска на лицето полицијата напишала вчера на подрачјето на Кратово, а две во Крива Паланка.
Loading...
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (08.07/09.07.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 8 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Од нив 6 биле на подрачјето на Кратово и 2 во Крива Паланка.
За истите, појаснуваат од Секторот за внатрешни работи, ќе следуваат соодветни мерки.
Никола Ивановски