Европската комисија тврди дека БМВ и Фолксваген се согласиле да го ограничат воведувањето нови технологии за намалување на штетните издувни гасови по што ги казниле производителите на автомобили со милијарда долари.
Европската комисија објави дека големите германски производители на автомобили ги прекршиле правилата на Европската унија за законот за конкуренција со ограничување на конкуренцијата во областа на подобрување на технологијата за емисија на почисти издувни гасови од новите дизел автомобили, пренесува РТС.
Комисијата ги казни БМВ и групацијата Фолксваген со 875 милиони евра (една милијарда долари).
Шефот на ЕУ за монопол, Маргрета Вестагер, рече дека Дајмлер, БМВ, Фолксваген, Ауди и Порше имаат технологија за намалување на емисиите и надминување на законските одредби според стандардите на ЕУ и се согласија да ја ограничат употребата на таа технологија.
Групата „Фолксваген“, која е сопственик на „Ауди“ и „Порше“, треба да плати близу 500 милиони евра, а БМВ близу 375 милиони евра.
Вестагер додава дека овој договор и избегнување на конкуренција во смисла на подобрување на технологијата им ја одзема можноста на потрошувачите да купат автомобили што ќе создадат помало загадување.
„Денешната одлука сведочи за тоа како легитимната техничка соработка може да оди во погрешна насока“, нагласи Вестагер.
Дајмлер не беше казнет бидејќи на Комисијата и откри детали од овој технички договор и соработуваше во истрагата.
#EUAntitrust #cleanenergy #EUGreenDeal Commission ?? fines car manufacturers €875 million for restricting competition in emission cleaning for new diesel passenger cars ⬇️https://t.co/WtTu7lAAnk pic.twitter.com/ss17pVnMAl
— EU Competition (@EU_Competition) July 8, 2021
Уште во април 2019 година, производителите на автомобили беа предупредени дека Комисијата ја истражува таканаречената „тајна шема“ за ограничување на технолошките подобрувања од 2006 до 2014 година, со што се кршат правила на Европската унија.
„Компаниите можат да работат заедно на многу начини за подобрување на квалитетот на нивните производи. Сепак, правилата за конкуренција на ЕУ не им дозволуваат да се договорат за токму спротивното: да не ги подобруваат своите производи, ниту да се натпреваруваат “, рече Маргарет Вестагер во 2019 година.