Захарова: Талибанците контролираат две третини од границата на Авганистан и Таџикистан

Сподели со своите пријатели

Припадници на талибанците (терористичка организација забранета во Русија) контролираат две третини од границата меѓу Авганистан и Таџикистан, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Loading...

„Забележуваме дека има пораст на тензиите на авганистанско-таџикистанската граница. Талибанците за кратко време ги окупираа повеќето гранични области и сега контролираат скоро две третини од границата со Таџикистан“, рече Захарова на редовниот брифинг со новинарите.

Да потсетиме, американските сили се повлекуваат од Авганистан, додека земјата е во конфликт меѓу владините сили и милитантите на тоа радикално движење, кои окупираа значителни територии во руралните области и започнаа офанзива врз големите градови.

 

РУСИЈА ИСПРАЌА ВОЈСКА: Помош за Таџикистан поради заканите од Авганистан

 

Некои авганистански трупи се повлекуваат во Таџикистан. Душанбе побара од сојузниците на ОДКБ да помогнат во борбата против предизвиците во Авганистан и да работат заедно за зајакнување на јужната граница на земјата.

Захарова изјави дека Русија и ОДКБ ќе делуваат решително со цел да се спречи каква било агресија или провокации во таа област.

Loading...

„Зголемувањето на тензиите на јужните граници на нашиот сојузник во ОДБК не може да не предизвика загриженост. Москва и Душанбе имаат активни контакти и ние внимателно ја следиме состојбата на границата. Доколку е потребно, ќе се применат дополнителни мерки во духот на руско-таџикистанскиот сојуз со цел да се спречи агресијата и територијалните провокации“, рече таа.

 

Авганистански службеник: Талибанците го зазедоа главниот граничен премин со Иран

 

Во тој контекст, таа изјави дека руската воена база во Таџикистан има сè што е потребно за да може да и помогне на таа земја да ја контролира ситуацијата на границата со Авганистан.

Русија, како што рече, ги повикува страните во авганистанскиот конфликт да покажат воздржаност и да избегнат ширење тензии надвор од границите на Авганистан.

Leave a Reply