Постојат различни податоци за тоа колку пари се „перат“, а Европскиот суд на ревизори проценува дека на ниво на ЕУ тоа изнесува околу 250 милијарди евра.
Веќе неколку години, Германија започнува насочени акции против криминалците собрани во кланови, со постојано организирани спектакуларни рации во кои полицијата упаѓа во објектите на големите германско-арапски семејства.
Недвижнини, но и луксузни автомобили, накит и други скапоцености што најверојатно биле купени со парите стекнати од криминал, се конфискувани и стануваат сопственост на државата, пишува Дојче веле.
Во 2018 година, јавниот обвинител во Берлин конфискуваше повеќе од 75 имоти од големото семејство Ремо во вредност од 10 милиони евра, што е класичен случај на перење пари, во кој се влеваат нелегално стекнати финансии, во овој случај добиени од грабежи и трговија со дрога во законски економски текови.
Кристоф Траутфетер, научен советник во „Мрежата за даночна правда“, вели дека Германија прави „премалку“ за да открие од поголем обем оние кои се вклучени во организиран криминал и кои професионално перат пари во глобалните мрежи „од шверц на дрога, корупција, затајување данок и други кривични дела.
Постојат различни податоци за тоа колку пари се „перат“ секоја година во Германија.
Студија нарачана од Федералното Министерство за финансии во 2016 година наведува износ од околу 100 милијарди евра, а Европскиот суд на ревизори проценува дека на ниво на ЕУ изнесува околу 250 милијарди.
Во „Транспарентност“, тие претпоставуваат вистинските износи се многу поголеми, но не можат да го наведат точниот број.
„Списокот со скандали за перење пари поврзани со Германија во последните години е долг“, се наведува во студијата.
Германија, се посочува, има огромен проблем со перењето пари и не презема соодветни мерки против тоа. Проблемот е, пред сè, што владата и политичарите не го признаваат проблемот.
Второ, полесно е за криминалците да пренесат големи количини пари во странство или да ги инвестираат во економски текови преку трговци со трговски добра, дилери на уметности или агенти за недвижнини.
На трето место е „анонимноста“, па Траутфетер објаснува дека „иако веќе 20 години постои регулатива дека банките мора да знаат кои се нивните клиенти, сепак тоа не е случај во пракса“.
Четвртата точка се „многу малите истражни капацитети“ во Германија, на кои, како што се наведува, им недостасува специјализирана финансиска полиција.
„Државата повеќе не може да се потпира единствено на напорите на финансиските институции да пријават случај ако се двоумат“, рече Траутфетер, додавајќи дека „таа мора подобро да ги поддржува, да ја подигне свеста и да ја зголеми контролата, но и соодветно да ги санкционира Законот “.
Студијата препорачува воведување на регистар на транспарентност и недвижнини, но исто така и подобрување на статистиката и насочената анализа на готовинскиот тек. Потоа, зајакнување на надзорот за перење пари во финансискиот и нефинансискиот сектор, ангажирање дополнителен персонал во специјализирани државни институции и зголемена соработка на ЕУ и меѓународно ниво.
„Нелегалните меѓународни приливи на пари веќе не смеат да наоѓаат безбедно прибежиште во Германија“, побара Стефан Оме, експерт за финансии во германскиот огранок на Транспаренси Интернешнл.
Тој тврди дека Германија е „приемчива“ за перење пари и дека таквата ситуација „поттикнува паралелен глобален финансиски систем во сенките во кои – не помалку важна – цвета корупцијата“.
„Транспарентност“ започнува од фактот дека обвинувањата презентирани во новата студија на еден или друг начин ќе стигнат до Работната група за финансиско дејствување (FATF), основана во 1989 година од групата Г7 на најиндустриски развиените земји во светот .
Меѓународната организација поставува светски стандарди во борбата против перење пари, финансирање тероризам и финансирање на оружје за масовно уништување и работи на тоа државите да ги спроведат законски и ефикасно, пишува Дојче веле.