Силвестер Сталоне го прослави својот 75-ти роденден и има се што му треба.
„Моето прекрасно семејство е најдобриот подарок што можев да го добијам“, напиша тој на Инстаграм.
Славниот актер позираше со сопругата Џенифер Флавин и неговите три ќерки: Софија (24), Систин (23) и Скарлет (19). Роки од претходниот брак со Саша Чак има и син Сиргеох (41), додека нивниот постар син Сејџ почина во 2012 година од срцев удар на 36-годишна возраст.
Фановите веднаш го бомбандираа својот идол со комплименти.
„ Најубавото семејство“, „Прекрасно“, „Девојките прераснаа во вистински убавици“, „Гордиот тато“, се некои од коментарите.
‘Ќерките на Сталоне на своите профили објавија и фотографии од нивниот татко, посакувајќи му се најдобро.
View this post on Instagram