Странските туристи кои не биле вакцинирани против КОВИД-19 нема да можат да влезат во Канада, бидејќи владата не сака да го загрози напредокот постигнат во спречувањето на ширењето на коронавирусот, изјави премиерот Џастин Трудо.
Loading...
„Веднаш можам да ви кажам дека тоа нема да се случи долго време“, рече тој, одговарајќи на прашањето кога Канада ќе дозволи влез на невакцинирани лица, пренесува Хина.
Трудо додаде дека повеќе ќе зборува за тоа во наредните недели кога ќе можат да се отворат канадските граници за целосно вакцинирани туристи.
Канада има 1,42 милиони заразени со коронавирусот, а повеќе од 26.000 починаа од ефектите на КОВИД-19.