Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност, информираат од Управата за хидромтеоролошки работи.
Кон крајот на денот наместа ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент девет.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува сосема слаб ветер од југоисточен правец.
Температурата ќе се движи во интервал од 21 степен во утринските часови до максимални 37 во текот на денот. Индексот на УВ зрачење ќе биде многу висок со коефициент десет.
Утре во кумановско ќе имаме за неколку степени пад на температурата. Времето ќе биде сончево до променливо облачно, а во текот на попладневните часови се очекува нестабилност проследена со врнежи и електрични празнења. Температурата во утринските часови ќе изнесува 18 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 33 степени целзиусови.
Слично време ќе имаме и во недела, кога повторно во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со врнежи од дожд и грмотевици. Температурата ќе се движи во интервал од 17 до 32 степени целизусови.
Стабилно и многу топло време продолжува веќе со стартот на новата работна недела.
Никола Ивановски