ГРЦИЈА: Најмногу заразени во последните пет недели

Сподели со своите пријатели

Втор ден по ред, Грција регистрира зголемување на бројот на нови случаи на коронавирус – 1.820, што е највисоко во последните пет недели. Девет лица се починати.

Loading...

Во последните 24 часа биле тестирани 59.903 лица, објави „Катимерини“.

Повеќето нови случаи се регистрирани во Атика, Крит, Солун, островот Миконос и Крф, пренесуваат грчките медиуми.

Делта коронавирус, кој е позаразен, се шири брзо во Грција, особено кај младите.

Затоа надлежните ги повикуваат младите луѓе да ја примат вакцината што е можно поскоро.

Околу сто млади биле заразени на само една забава во познат бар на плажа во Атина, пренесуваат грчките медиуми.

Затоа, нови ограничувања се на сила. Од денес, сите кафулиња, ресторани, барови и клубови ќе можат да работат само доколку имаат седишта.

Угостителите стравуваат дека новите мерки ќе влијаат на нивниот бизнис во средината на летната сезона, но тие ги прифаќаат, бидејќи сметаат дека ќе помогнат да се спречи ширењето на инфекцијата.

Loading...

Во Грција вакцинирани се околу 38 проценти од возрасната популација, а властите воведоа стимулации во форма на пари и бесплатен интернет за младите да ги мотивираат луѓето.

Младите беа поканети да бидат вакцинирани и од заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардијас.

„Вакцинирајте се сега. Особено помладата генерација треба да ги заштити своите родители и другите постари“, рече Хардијас за грчката национална телевизија ЕРТ.

Leave a Reply