Полицијата во Хаити уби седум и приведе шест осомничени за убиството на претседателот

Сподели со своите пријатели

Хаитската полиција соопшти дека убиле седум и уапсиле шестмина осомничени за атентатот врз претседателот Жовел Моиз.

Во тек е потрага по други лица одговорни за вчерашниот напад врз резиденцијата на претседателот на државата, кога беше убиен Моиз, а неговата сопруга Мартин беше тешко ранета.

Најмалку двајца осомничени биле уапсени од граѓани во Порт-о-Пренс и предадени на полицијата.

Толпата подоцна запалила неколку напуштени автомобили со дупки од куршуми за кои се верува дека им припаѓале на осомничените.

Властите не објавија информации за осомничените или можен мотив за нападот, што според полицијата го извршила „екстремно обучена и тешко вооружена група“.

Хаити, политички нестабилната и најсиромашна земја на западната хемисфера, е турната во нови превирања со атентатот врз Моис, а кризата дополнително се комплицира од политичкиот вакуум и неизвесноста кој би можел да ја преземе власта.

Leave a Reply