Трговците со луѓе ја искористиле пандемијата за своите злосторства: Сѐ повеќе деца меѓу жртвите!

Сподели со своите пријатели

Пандемијата ја зголеми ранливоста на луѓето кога станува збор за трговија со луѓе, а во исто време го отежнува откривањето на овој вид криминал, истакна денес извршниот директор на Канцеларијата на ООН за борба против организиран криминал и наркотици (УНОДЦ), Гада Вали.

Новата студија на УНОДЦ, презентирана денес, покажува катастрофални ефекти на пандемијата врз жртвите и преживеаните од трговија со луѓе и укажува на тоа дека децата се повеќе се жртви.

Во светската криза, трговците со луѓе ја искористија загубата на приходите на луѓето и зголеменото време поминато на компјутер за свои цели.

Гада посочува дека мерките во борбата против пандемијата и ширењето на вирусот го зголемиле ризикот за особено загрозените лица да станат жртви на трговија со луѓе и ги ограничиле потребните услуги за оние кои успеале да избегаат од канџите на овие криминални групи.

„Трговците со луѓе користат ранливост и ги намамуваат жртвите со лажни ветувања за вработување“, рече Илиас Хаџис, шеф на одделот за борба против трговија со луѓе на УНОДЦ.

„Пандемијата доведе до големи загуби на работни места во многу сектори и отвори можности за криминалните мрежи да ги искористат страдањата на граѓаните“, додаде тој.

Студијата покажа дека се повеќе деца се во фокусот на валканите дела на трговците со луѓе, кои ги намамуваат преку социјалните мрежи. Децата станаа мета на трговија со луѓе пред се поради зголемената побарувачка за сексуална експлоатација.

„Децата стануваат жртви на трговија со луѓе пред се поради намерата за нивно сексуално искористување, присилна работа, питачење и криминал“, рече Хаџис.

Според студијата, епидемиолошките мерки им отежнувале на жртвите кои избегале од трговија со луѓе да се вратат во нормален живот.

Со затворање на границите, многу спасени жртви морале да минуваат со месеци во центри во земји каде што понатаму биле експлоатирани наместо да се враќаат во своите домови.

Leave a Reply