Три терминали на белгискиот национален аеродром во Завентем беа евакуирани попладнето откако полицијата откри сомнителен багаж.
Белгиските медиуми наведуваат дека аеродромските служби потврдиле дека полицијата открила „сомнителен багаж“ во салата за поаѓање и одлучила да евакуира поширок параметар на трите терминали.
Се додава дека патниците од терминалот биле преместени пред зградата на аеродромот, а услугата за отстранување и уништување на експлозивна опрема е на пат кон аеродромот.

