Екипите кои ги пребаруваа урнатините на станбената зграда во Мајами пронајдоа уште шест тела, со што бројот на жртвите се искачи на 60, соопштија денеска властите.
Телата биле пронајдени еден ден откако беше официјално објавено дека нема шанси некој да е жив под урнатините.
Градоначалничката на Мајами, Даниела Левин Кава изјави дека 80 лица сè уште се водат како исчезнати, откако станбената зграда делумно се сруши на 24 јуни.

