Авганистанските трупи ги заземаат владините згради во западниот град Кала-е-Нав, нападнати од талибанците, соопштија денеска властите
Талибанците накратко влегоа во Кала-е-Нав во средата, прв директен напад врз главниот град на провинцијата Бадгис откако Соединетите Американски Држави започнаа да ги повлекуваат своите последни трупи, пренесува Би-Би-Си.
Беа извршени воздушни напади и беа распоредени специјалци за сузбивање на борците, објави Ројтерс.
Талибанците напредуваа со повлекувањето на американските сили и сојузниците.
Afghan troops ‘driving out’ Taliban in western cities, reports https://t.co/cQtbnKKx8V pic.twitter.com/MTn4ROc9j1
— GNN (@gnnhdofficial) July 8, 2021
„Непријателот претрпе големи загуби и ние сега напредуваме и го протераме“, рече командантот на авганистанските специјални сили Сејџ Незами.
Портпарол на Министерството за внатрешни работи изјави дека градот е „исчистен“ од талибанските борци и дека сега е целосно под контрола на авганистанските безбедносни сили.
Огромното мнозинство на преостанатите странски сили во Авганистан заминаа пред крајниот рок на 11 септември, што значи дека авганистанската армија сега е целосно одговорна за националната безбедност.

