Привршува реновирањето на објектот на полициската канцеларија во општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од МВР.
Реконструкцијата опфаќа санирање и промена на кровната конструкција, промена на прозорците, на внатрешната столарија, изградени се тоалети, заменета е електричната инсталација, извршени се молерофарбарски работи.
Објектот има и нова фасада, поставено е парно греење, изградена е и пристапна рампа за лицата со попреченост.
– Во согласност со заложбите на Министерството за внатрешни работи за реновирање на објектите кои се користат како полициските станици, одделенија и канцеларии значително се подобруваат условите за работа и за вработените, но и за граѓаните. Со реновирање на објектот вработените своите работни задачи ќе ги извршуваат во приземјето во кое е оформена просторија за дежурна служба во која ќе се извршува и прием на граѓани, која е поврзана и со пристапна рампа за лица со посебни потреби со што се овозможува пристап за сите граѓани-информираат од МВР.
Реконструкцијата на објектот во Старо Нагоричане, додаваат од МВР е спроведена во насока на зачувување на животната средина. Градежните активности се очекува да завршат до крајот на овој месец.
МИА