15 милиони луѓе останаа без струја во Америка

Сподели со своите пријатели

Голем прекин на електричната енергија во Централна Америка остави 15 милиони луѓе без електрична енергија вчера, а најмногу се погодени Хондурас и Никарагва.

Проблемот при регионалното поврзување денес остави делови од Хондурас и Никарагва во целосен мрак, а операторот на електроенергетската мрежа ЕОР објави дека прекинот започнал вчера во 13 часот и дека причината за оваа несреќа се уште се утврдува, пренесува Ројтерс.

Според изјавата, употребата на електрична енергија паднала од 8.300 мегавати на само 2.400 мегавати низ целиот регион, со исклучок на Панама и Костарика, кои во голема мерка не биле под влијание.

ЕОР обезбедува услуги на околу 47 милиони луѓе во Централна Америка, од Панама до Гватемала, и во оваа несреќа, третина од тој број има прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Поради дефект на електричната мрежа во големите градови се случиле сообраќајни несреќи, бидејќи семафорите престанале да работат.

Leave a Reply