Спасувачките екипи кои трагаат по урнатините на станбена зграда во Флорида, завршуваат со потрагата и спасувањето и започнува отстранувањето на остатоците, објави Би-Би-Си во четвртокот.
Одлуката е донесена околу две недели откако се сруши зградата на 12 ката „Champlain Towers South“ среде ноќ.
Пронајдени се 54 жртви и 86 лица сè уште се водат како исчезнати, соопштија градските власти на Сурфајд.
Не се пронајдени преживеани по уривањето на зградата, а спасувачките екипи велат дека многу жртви лежеле во своите кревети.
Веста дека мисијата за спасување е завршена се појави за време на приватниот состанок во средата помеѓу семејствата на исчезнатите и помошникот на пожарникарот Мајами-Даде, Раид Јадалах.
„Чудо е сè уште можно“
Градоначалникот на Сурфсајд, Чарлс Буркет, подоцна на прес-конференција рече:
„Денешните вести се исклучително тешки. Сите работевме страсно дење и ноќе две недели за да спасиме животи”, рече тој.
„Денешното соопштение доаѓа како резултат на договорот на најблиските до напорите за спасување дека можноста некој да е жив е близу до нула“, додаде тој.
„И додека се чини дека нема шанси да се најде живот во урнатините, чудото е сè уште можно“, рече тој.
Тимовите работеа во континуирани 12-часовни смени, потпомогнати од тимови од Израел и Мексико.
Покрената е голема истрага
Бројот на загинати се зголеми за десет во средата, откако властите на „Сурфсајд“ соопштија дека успеале да отстранат голем дел од бетонот.
Спасувачките екипи рачно ги полнат кофите со бетон и ги спуштаат додека ги вадат остатоците. Урнатините се однесени во државен магацин за понатамошна проверка.
Спасувачките напори беа стопирани неколку пати како резултат на нестабилноста на купиштата урнатини, како и поради тропската бура Елс, што ја погоди Флорида во средата.
Во меѓувреме, покрената е голема истрага во обидот да се утврди зошто зградата се сруши на 24 јуни.
Тропска бура ја погоди флорида: Едно лице страдаше, 10 повредени

