Поранешниот претседатле на Јужна Африка замина во затвор

Сподели со своите пријатели

Поранешниот претседател на Јужна Африка Џејкоб Зума, кој неодамна беше осуден на 15 месеци затвор за непочитување на судот, отиде во затвор во средата вечерта.

„Претседателот Зума одлучи да се придржува до наредбата за затвор“, велат од фондацијата што го застапува, додавајќи дека тој отишол да ја издржува казната во провинцијата Квазулу-Натал, во која живее во моментов.

На 29 јуни, Уставниот суд на Јужна Африка го осуди Зума на 15 месеци затвор за непочитување на судот, бидејќи тој одби да одговори на прашањата на комисијата за борба против корупцијата за време на неговиот мандат.

Првпат во историјата на Јужна Африка поранешен претседател е осуден на затворска казна.

Потоа му беше наредено на Зума да се јави во полиција во рок од пет дена, а доколку не го стори тоа, ќе биде уапсен.

Зума, претседател на економски најразвиената африканска земја од 2009 до 2018 година, беше обвинет за многу случаи на корупција, рекетирање, измами, затајување данок и перење пари.

 

Leave a Reply