Лаворв: САД доживеаја неуспех во Авганистан

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека повлекувањето на американските трупи од Авганистан всушност значи дека Соединетите Американски Држави го признале неуспехот на својата 20-годишна мисија во таа земја, која се соочува со нова ескалација на насилството.

„САД не само што ги повлекуваат своите трупи од Авганистан, туку всушност го признаваат неуспехот на нивната дваесетгодишна мисија“, рече Лавров, пренесува ТАС С.

Според него, факт е дека безбедносните закани, тероризмот и трговијата со дрога драматично се зголемија од 2001 година, кога САД и нивните сојузници ја започнаа својата операција во Авганистан.

Важно е да постојат документи на Запад што укажуваат на веројатна вмешаност на американски војници во трговијата со дрога“, нагласи Лавров.

Рускиот министер исто така посочува дека ситуацијата во Авганистан се влошува и дека во таа земја има засолништа за милитантите на Исламска држава, како и дека повлекувањето на американските трупи и неподготвеноста на Кабул да формира привремена влада со талибанците создаваат услови за насилно решавање на овој конфликт.

„Талибанците се повоинствени затоа што постојниот договор предвидува формирање привремена влада, и за жал лидерите во Кабул не се подготвени за тоа, што е ситуација која е отворена за сценарио за насилство со повлекување на Американците. – рече Лавров.

По одлуката на САД да ги повлечат војниците од Авганистан, американскиот воен контингент се очекува да ја напушти оваа земја до 11 септември.

Leave a Reply