Залудни се напорите на Европската унија да ја принуди Унгарија да се откаже од новиот закон, со кој се забранува содржина што ја промовира хомосексуалноста во училиштата, изјави денеска шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Претходно денес, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја предупреди Унгарија дека мора да го повлече законот со кој се забранува училиштата да користат материјали за кои се верува дека промовираат хомосексуалност и транссексуализам, или да се соочи со целосна примена на законите на ЕУ или покренување прекршочна постапка против Будимпешта.
ЕУ со ултиматум и закана до Унгарија доколку не го повлече законот за ЛГБТ

