Поранешниот американски претседател Доналд Трамп покрена тужби против Твитер, Фејсбук и Гугл Алфабет, како и нивните директори, наведувајќи дека ги замолчуваат конзервативните ставови.
Трамп рече дека ги поднел тужбите до федералниот суд во Флорида, објави Ројтерс.
Тој додаде дека со овие тужби ќе бара обештетување и враќање на штетата.
Поранешниот претседател на САД ја изгуби можноста да се обрати преку социјалните мрежи претходно оваа година, откако упорно тврдеше дека неговиот пораз на изборите е резултат на масовна измама и фалсификат.
Неговото тврдење беше одбиено од повеќе судови, како и од службеници на изборната комисија и членови на неговата администрација.

