Убиен претседателот на Хаити (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Хаити, Жовенел Моис, беше убиен во вооружен напад врз неговата резиденција.

Моис беше убиен околу еден час по полноќ во неговата резиденција во Порт-о-Пренс, рече премиерот Клод Џозеф.

Напаѓачите не се идентификувани, но било пријавено дека зборуваат шпански.

Говорејќи на една локална радиостаница, премиерот Џозеф рече дека нападот го извршила „вооружена група командоси“ што „вклучувала странски елементи“.

Тој ги повика Хаиќаните да останат смирени, велејќи дека безбедносната состојба во земјата е стабилна.

Сопругата на Моиз, Мартина е ранета во нападот, јавија хаитски медиуми.

Жовенел Моиз (53) беше 42. претседател на Хаити и е на функција од 2017 година.

 

Leave a Reply